Екс началникот на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски, на денешното судско рочиште во Солун по однос на барањето од македонската Влада за негова екстрадиција, се појавил со кеса македонски весници. Со помош на насловите во македонските медиумите, Грујевски сакал да објасни за какво дело го товари Специјалното јавно обвинителство.
Судењето на Грујевски и Никола Бошковски денеска се одвиваше зад затворени врати, по нивно барање да се исклучи јавноста.
Денеска сведочел адвокатот од Скопје, Петар Василев. На следното рочиште, закажано за идната среда, треба да сведочи сопругата на Грујевски, по што се очекува судот да донесе одлука дали ќе бидат екстрадирани.
Специјалното јавно обвинителство ги товари поранешните началници на УБК за масовното прислушување и за уништувањето на системите за прислушување во предметот „Тврдина-Таргет“.