Грујевски и Јанкуловска на распит за „Тврдина“

by fokus 11:17
11:17

Началникот на Петта управа Горан Грујевски и поранешната министерка Гордана Јанкулоска, како и други осомничени во предметот „Тврдина“ денеска треба да бидат испрашани од судија на претходна постапка за потоа да се донесе одлука дали ќе завршат во притвор.

Сите се товарат за уништување опрема за прислушување. Судијата Поп Стефанија, иако го оспори Специјалното јавно обвинителство сега со обвинител од таму ќе треба да ги сослушува осомничените по налог на судот. По одлуката на Поп Стефанија, Советот на судот го врати предметот на ново одлучување.

Грујевски, пред одлуката за аболиција од страна на претседателот Ѓорге Иванов, помина неколку дена во притвор, но потоа ова мерка му беше заменета со куќен притвор. По одлуката за аболиција тој беше ослободен, но по нејзиното поништување, случајот „Тврдина“ повторно влезе во судска процедура.

 

Поврзани новости