ДУИ: Иванов да си оди или да замине

by fokus

Од Демократската унија за интеграција велат дека нелегитимниот и еднопартиски претседател со секое свое појавување или делување само и штети на Македонија и на нејзиниот имиџ пред меѓународната заедница.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ вели дека токму од овие причини тој треба час поскоро да избере една од двете опции кои ги има на располагање: да си оди или да си замине!, пренесe Мета.

Во вечерашното обраќање Иванов за кризата во земјата ги обвини опозицијата, ДУИ, СЈО, НВО и странците.

„Неговата последна изјава ги потврдува нашите аргументи дека Иванов го брани интересите на само на партијата на која и припаѓа и дека не ги претставува интересите на сите граѓани, а најмалку на втората мнозинска заедница, Албанците. Лидерот Ахмети и ДУИ ја вратија Македонија од бездната и затоа Иванов, но и лидерите на македонските партии треба да бидат благодарни што не дозволивме земјата да стане заложник на нивните незрели препукувања за власт“, вели Груби.

Поврзани новости