Како што поминуваат деновите на кампањата сите работи стануваат се појасни. Ако порано на некој не му беше јасно што се случува во овие 2,5 години сега работите стануваат јасни. Народот веќе разбира кои биле мотивите и намерите и што некој сакал да постигне во Р. Македонија преку Заев, истакна вечерва во Крива Паланка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-И колку повеќе на народот му е јасно, СДСМ е во паника. Се сеќавате на приказната за фантомски гласачи, ја започнаа во 2014 и тоа беше поводот да ја започнат политичката криза. Две ипол години го малтретираа народот дека има 500.000 фантомски гласачи, за сега да излезе ДИК која што е со нивна доминација и да каже дека нема фантомски гласачи туку дека има 5.000 гласачи повеќе. Го лажеа народот и сега сакаат истиот тој народ да гласа за нив, рече Груевски.