Голем митинг денеска во 18 часот на СДСМ пред Влада, додека ДПМНЕ ќе има митинг во Струмица

by Fokus

И, денеска низ Македонија продолжуваат изборните карвани на партиите, па така во 18 часот, пред Владата Централен митинг ќе одржи Коалицијата За Живот во Македонија предводена од СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подора Македонија ќе митингуваат во Струмица.

Во хотелот „Холидеј ин“ во 11 часот, Демократската унија за интеграција организира конференција за економија на која ќе биде претставена дел од програмата за економски развој и еднаквост, а ДПА во 16.30 часот ќе одржи средба со граѓаните во скопската општина Чаир, на паркингот пред Чаирчанка.

Од коалицијата ВМРО за Македонија денеска пред просториите на СЈО изјава за медиуми ќе даде Ден Дончев, носителот на кандидатската листа за ИЕ 1.

Коалицијата Алијанса за Албанците митинг ќе има во Центар Жупа (18 часот) и во Дебар (19).

Коалицијата за промени и правда средби со граѓаните ќе имаат во Кавадарци (ресторан „Бриони“, 17 часот) и Неготино (Центар на култура „Ацо Ѓорчев“, 19 часот). На овие собири ќе се обратат Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз, Слободан Богоески, носител на ИЕ 4, Јове Кекеновски, носител на ИЕ 2, и кандидатите за пратеници Драгана Кипријановскa и Тодор Ношпал.

 

Поврзани новости