Заев: Не барам 63 пратеници, туку подобар живот за граѓаните

by fokus

Не барам 63 пратеници туку подобар живот за 1,5 милиони граѓани во Македонија и за сите оние што си заминаа од државата, истакна лидерот на СДСМ и носител на листа во Изборната едница 4, Зоран Заев на вечерашниот митинг на партијата и на коалицијата „За живот во Македонија“ во Битола.

-Македонија стана модерно робовладетелско општество…По Скопје 2014 најголемиот криминал што власта го направи е во РЕК Битола, затоа ви давам збор дека ќе ги вратиме сите украдени пари и ова ќе заврши…Давам збор дека режимот ќе падне, но тоа не е доволно бидејќи вие очекувате чесни политичари – со одговорност. Знам дека ќе победиме на 11 декември, но ми треба поддршка од вас за реформска влада за да носиме решителни одлуки. Да оставиме печат и да покажеме дека Македонија може да биде земја за почит, рече Заев.

 

Заменик-претседателката на СДСМ и ностител на листа во Изборната единица 5, Радмила Шекеринска, истакна дека Груевски самиот си признал дека најмногу се плаши од истрагите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

– Груевски си призна што најмногу го боли и зошто лаже низ целата кампања. Призна дека се плаши од истрагите на СЈО. Ако тој се прашува СЈО од утре ќе престане да работи. Бараат власт за да избегаат од затворски казни. Гласот за Груевски е глас за амнестија на најкорумпираните политичари, градоначалници и криминалци, истакна Шекеринска.

Поврзани новости