Поранешиот премиер Никола Груевски на денешното рочиште за случајот „Тенк“ побара од судот како доказ да ги прифати и документите за набавка на службен автомобил во Општина Новаци.
Според Груевски и овој автомобил бил набавен на ист начин како мерцедесот, за што нему му се суди.
-Сакам да истакнам дека немаме намера да го одолговлекуваме рочиштето. Барањето да го дозволите доказот за набавка на автомобилот од страна на општина Новаци е со иста цел, односно да се докаже дека не постоело фаворизирање на компанија, рече Груевски.
На прашање на судијката Добрила Кацарска каде е писменото известување од општината за овој доказ, адвокатката истакна дека не го добила официјално, по што судијката заклучи дека некој и го дал на рака и искоментира дека сега и е јасно се.
Обвинителот Стевче Донев истакна дека доказот не е стекнат на законски начин и побара истиот да не се изведува.
В.В.