Заев песимистично за средбата со Ципрас: Остануваат суштински прашања за кои треба да се разговара

by fokus

Премиерот Зоран Заев рече дека средбата на 17 мај со Ципрас не е од оние закажаните што ги чекавме. Средбата е на маргините на Самитот на ЕУ, каде ќе бидат присутни сите премиери на ЕУ, а и сите премиери на Западен Балкан како земји кандидати за членство во ЕУ.

– Јас се уште немам точен термин кога би била средбата, но знам дека грчката страна потврди дека на маргините ќе најдеме време да се видиме. Целта е да направиме еден рекапитулар на тоа што досега е разговарано, да го потврдиме и да знаеме дека сме го завршиле, а истовремено да дадеме и смерници и на министрите, додаде Заев.

Тој нагласи дека времето е кратко и дека се појавуваат информации дека се ќе се реши на 17 мај, но не е така, бидејќи суштински е делот што е останат за разговори.

– Јас верувам дека пред се треба да бидеме креативни и посветени и јас би сакал некаде пред Самитот на Советот на Европа, а потоа и Европскиот совет, тоа е 25, 26, па 28 и 29 јуни, да се носат одлуките за добивање датум за преговори или не. Дотогаш да имаме некое решение, па дури треба да знаеме дека и да има приближување на она што е останато, во Грција и Македонија мора да направиме внатрешен процес на консултации. Затоа што, како што реков, процесот, ако е тоа можно, да биде поддржан од сите, додаде премиерот. 

Поврзани новости