Груевски за Пинк: Србија нема врска со моето бегство во Будимпешта

by Фокус

Во интервју за српската телевизија Пинк, поранешниот македонски премиер Никола Груевски вели дека Србија не му помогнала во бегството до Будимпешта.

-Од Тирана, преку Црна Гора и Србија стигнав во Унгарија. Како што веќе е познато, превозот ми е обезбеден од страна на унгарската дипломатија. Кога стигнав во Тирана, побарав политички азил, поради политички проблеми. После извесен период бев примен во амбасадата и бев известен дека ќе ми обезбедат превоз до унгарската граница, каде таа држава одлучи да ми даде азил поради политички проблеми – вели Груевски.

Тој додава дека Унгарија е членка на ЕУ и НАТО и дека во неа може да добие вид на престој, кој би го заштитил од понатамошни политички проблем.

Поврзани новости