Груевски се појави во освежено издание на ТВ Пинк: Мирен живот или унгарска кујна – причина за враќање на килограмите

by Фокус

Побегнатиот екс премиер Никола Груевски, кој денес се појави на интервју за ТВ Пинк Плус, ја покажа својата преобразба. Ако во времето пред да побегне во Унгарија на јавноста и влезе во очи неговото инстант слабеење и бледиот лик, очигледно дека денес, по повеќе од три месеци од неговото бегство во Будимпешта, му годи тамошниот живот и за кратко време си ги повратил изгубените килограми.

На интервјуто на Пинк ТВ тој се појави значително освежен, но забележително е и тоа што си ги вратил килограмите, кои ги имаше до пред две години, односно до пред започнувањето на судските процеси во кои беше обвинет. Во претходно интервју тој изјави дека се уште не работи, престојува кај пријатели, но и се сретнува со многу пријатели.

Затоа, претпоставка е дека токму мирниот живот без работни ангажмани придонел Груевски за кратко време да си ја врати старата линија, или пак не може да и одолее на унгарската кујна. Нема информација дали Груевски како голем љубител на спортот, и во Будимпешта посетува теретана и работи на обликувањето на своето тело и зголемувањето на мускулната маса.

Честите коментари на јавноста во минатото дека последното копче на неговите кошули, редовно е пред пукање, најверојатно повторно ќе се актуелизираат. Во вечерното интервју тој изјави дека во периодот пред бегството секој ден бил на суд, што било доста напорно и како што се изрази ,,језиво”, што најверојатно било дел од причините поради кои во тој период му се стопија килограмите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости