Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска предложи со локалните избори да се одржат и предвремени парламентарни.
– Претставниците на политичките партии се договорени локалните избори да се одржат на 15 октомври годинава. Се надевам дека СДСМ овој пат нема да промени и отстапи нешто како што тоа знаеше да го прави често во минатото. Кога ќе видат дека губат, па да пролонгираат и да бараат и алиби. И се надевам дека ќе размислат уште еднаш за предвремени парламентарни избори. Toa беше и останува наше барање со кое ќе се разјаснат многу работи на политичката сцена што се случија по изборите и со кои ќе се даде можност на граѓаните да го кажат својот став за она што го правеше и СДСМ и ВМРО во периодот после изборите, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Кисела Вода.
Тој изрази уверување дека работите ќе се одвиваат во добар правец.
-Петнаесетти октомври е најблискиот рок што СДСМ можеше да го прифати во разговорите и се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на овие парламентарни избори, ќе излезе повторно како победничка и на локалните, рече Груевски.