Претседател на Лекарската комора ќе се избира на 23 мај, во 12 часот во ресторанот „Ексклузив“

by Fokus

Покрај сите притисоци, закани и кавги, изборите за претседател на Лекарската комора ќе се одржат на 23 мај, во 12 часот во ресторанот „Ексклузив“, неофицијално дознава „Фокус“.

По изборот на претседател на Собранието претходниот четврток, падна и датата на која ќе се знае кој во наредните четири години ќе ја предводи Лекарската комора во која челнуваат околу 7.000 лекари. Веќе неколку денови тече рокот за доставување на кандидатурите, а според нашите информации, единствен кандидат кој доставил документи е доктор Калина Старделова-Гривчева, гастоенхепатолог на скопската Клиника за гастроенхепатологија.

До недела истекува рокот за поднесување на кандидатури, па се очекува во наредните неколку денови да се знаат имињата и на другите кои ќе се борат за претседателското столче во комората. Во лекарските кругови се врти и името на Ленче Нелоска, директорка на Геронтолошкиот завод во Ѓорче Петров, која веќе пет години е потпретседател на комората и член на Извршниот одбор.

Во последните неколку години ЛК ја тресат низа скандали поврзани со зголемено трошење на пари, кои таму влегуваат од чланарината на лекарите, релиценцирањето…

И.М.

Поврзани новости