Груевски: Професори се плашат од обврската да објавуваат трудови во светски реномирани списанија

by Фокус 17:30
17:30

Мотивите на професорите да ги поддржат студентите се законските измени со кои се предвидува обврска за нив да објавуваат научни трудови во светски реномирани списанија и да покажат дека се конкурентни на европско и светско ниво, изјави денеска премиерот Никола Груевски, еден ден по протестот на студентите против државниот испит, поддржан и од дел од професорите.

– Поголемиот мотив за поддршката го гледам во тоа што во истиот овој закон каде што се измените за државен испит има и едни други измени коишто професорите кои се дел од Пленумот не го спомнуваат, но јас сум убеден дека тоа е поголемиот мотив заради кој ги мотивираат студентите да протестираат. Не го споменуваат затоа што не им одговара и затоа што ќе излезе на виделина една ситуација која не е баш најповолна за нив, а тоа е дека со новите измени се предвидува од 2018 година секој професор во петгодишен период да мора да има издадено најмалку два труда во списание со импакт-фактор, но не во кои било списанија, како што беше досега, туку светски реномирани – рече Груевски.

- Advertising -

Поврзани новости