474
Премиерот Никола Груевски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали е подготвен да сведочи доколку тоа од него го побара специјална обвинителка кусо одговори „да“. Вчера пак, премиерот, рече дека не се плаши од новоизбраната обвинителка, бидејќи, немал за што да се плаши.
Катица Јанева има еден месец да го формира тимот кој ќе работи со неа на расчистување на сите сомнежи за незаконски акти кои произлегуваат од прислушуваните материјали. Во рок од 18 месеци треба да ги испита случаите и да одлучи за кои од нив ќе поднесе обвиненија.
-Секој случај законски ќе се покрие. За капацитетите на судот и дали судот може да одговори на овие предизвици не е моја работа. Тоа ќе го решат адекватните институции, изјави денеска Јанева.