Груевски: Некомпетентни кадри незаконски се назначуваат, нивните одлуки ќе бидат спорни

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одговорност затоа што се прекршуваат законите при именување на функционери и носење кадровски одлуки во Владата, најави денеска лидерот на партијата, Никола Груевски.

-Во делот на некомпетентни кадри или во делот на незоканско разрешување и назначување можам да издвојам неколку категории. На пример, назначување со несоодветно образование, на пример, се бара со земјоделски факултет, се става со машински факултет или назначување со несоодветно образование во смисла на степенот на образование, се бара со завршен факултет, се назначува со средно улилиште – посочи Груевски.

Груевски смета дека дел од кадрите што според закон треба да ги разреши или назначи Парламентот, таквите одлуки ги носи Владата со што излегува од своите ингеренции.

-Владата е во тотален хаос во однос на овие прашања оти брза само да стави кадри. Треба да се знае дека тој што е незаконски назначен, секоја негова наредна одлука е спорна, затоа што тој не е законски назначен – истакна Груевски.

Поврзани новости