Груевски не можел да сведочи денеска

by Фокус

Премиерот Никола Груевски, кој денеска требаше да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, нема да се појави пред Комисијата, бидејќи имал обврски, информираа од неговата партија неколку минути пред предвидениот термин за почеток на седницата. Груевски ќе се појавел и ќе се обрател пред пратениците од истата Комисија на 14 декември во понеделник.

Тој е првиот сведок кој треба да сведочи пред Анкетната комисија, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, по барање на неговата партија, сите сведочења ќе бидат затворени за јавноста за да не се правело „циркус“.

По Груевски, треба да сведочат и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, како и Миле Јанакиески.

Поврзани новости