ДОМ: Да се прогласи вонредна состојба поради загадениот воздух

by Фокус 20:44
20:44

ДОМ бара Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањеето, а Министерството за животна средина да предложи итни мерки за надминување на овој проблем. Партијата предлага и конкретни мерки за намалување на загадувањето.

-Да се прогласи вонреден режим на однесување веднаш и да трае до крајот на зимата, да се стопираат градежните активности во градските средини, да се смени сообраќајниот режим во градовите со воведување задолжителна „зелена“ зона ослободена од возила, прогласување пешачки и велосипедски зони во центрите на градовите и забрана за движење тешки возила во градски подрачја и нивно упатување на обиколниците, како и да се отстранат од сообраќај сите возила под Евро 4 стандардот од градскиот сообраќај, да се обележат со налепница на предното стакло и да се уреди нивниот увоз, предлагаат од ДОМ.

- Advertising -

Тие додаваат дека треба да се зголеми и бројноста на автобусите во јавниот превоз во градовите каде што постои и да се мијат сите улици со вода.

-Овие итни мерки може да се спроведат за кус период, бараат мал буџет и голема посветеност на надлежните. А граѓаните ќе им бидат благодарни, зашто за здравјето се работи, велат од ДОМ.

 

Поврзани новости