Груевски на Хан му ги повторил двете вмровски решенија за кризата

by fokus 00:27
00:27

Наместо Груевски, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, изјава даде Антонио Милошоски. Тој рече дека на Хан му биле повторени двете решенија за излез од кризата според ВМРО-ДПМНЕ.

-Првото е Заев јавно да се откаже од туѓи платформи и да формира малцинска Влада. Второто е организирање на парламентарни и локални избори во наредните неколку месеци. Во таква предизборна атмосфера кога ќе се одржуваат локални избори, да се одржат двојни избори. Тогаш ќе може секој граѓанин да се чувствува сигурен во својот избор. Доколку политичките партии кои стојат зад Платформата од Тирана сметаат дека таа е полезна нека биде предмет на изјаснување на избори. Во секој случај ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи со својата активност во институциите и Парламентот за да се сочува волјата на граѓаните кои гласале за нас, изјави Милошоски.

Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ не сака да се доведе во прашање стабилноста на државата, но со почитување на изборната волја на мнозинството граѓани.

Поврзани новости