Груевски му се пожали на Мета дека притворот на Темелко е поради политички притисок

by fokus 21:10
21:10

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот на Албанија, Илир Мета, на денешната средба разговарале за македонско албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија, соопштија од партијата.

-Воедно Груевски го отвори и случајот со притворот на Едмонд Темелко кој е единствениот Македонец по потекло градоначалник во Република Албанија. Тој истакна дека одлуката за притвор е резултат на политички притисок и не е заснована на правни принципи. Воедно Груевски изрази загриженост за неговата здравствена состојба која е влошена, и која е доказ за нечовечко однесување и постапување спрема човекот кој е борец за човекови права и градоначалник во општина во Албанија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Поврзани новости