Груевски: Ќе отвориме нови 150.000 работни места

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Вевчани рече дека во наредните години ако неговата партија ја има власта, ќе отвори нови 150.000 работни места.

-Сработивме нова визија која што се вика „Нова ера“, која ќе биде за нови победи, успеси, ново утро, нови работни места. Овој документ, предвидува отворање на нови 150 илјади работни места во Македонија. Ако во минатото отворивме нови 173 илјади работни места, бидете сигурни дека во наредните години ќе вработиме нови 150 илјади лица. Според новата визија планот е невработеноста да падне под 10 проценти. Предвидуваме просечен раст на економијата од четири или повеќе проценти и со тоа ќе се обезбедат нови работни места, рече Груевски.

На 15 октомври, посочи тој, народот ќе покаже дека секој што работи спротивно на законот ќе биде казнет и подоцна елиминиран од политичката сцена.

Поврзани новости