Груевски и Црвенковски ќе бидат сослушани во Собрание за поплавите

by fokus

Во Собранието денеска ќе започне надзорната расправа за поплавите кои се случија во Скопскиот регион. Расправата е на барање на пратениците на СДСМ во Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ќе бидат сослушани 30 сегашни и поранешни функционери, меѓу кои и четворица поранешни премиери во чии мандати беше градена обиколницата.

По барање на СДСМ, поканет е поранешниот премиер Никола Груевски, а по барање на ВМРО-ДПМНЕ поканети се Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски.

Денеска ќе бидат сослушани вицепремиерот Никола Тодоров, како шеф на Кризниот штаб на Владата, Оливер Ромевски, директорот на УХМР, Михаил Цветков, министерот за земјоделство, Тони Мартиновски, директорот на „Скопско Поле“, Митко Чавков, поранешен министер за внатрешни работи, Дритон Кучи, министер за економија, Жарко Караџоски, директорот на „Македонски шуми“, Коце Трајановски и Тони Трајковски, градоначалниците на Скопје и на општина Гази Баба…

Се очекува поранешните функционери на ред за сослушување да дојдат во текот на наредната недела.

Поврзани новости