Само што започна, надзорната расправа за поплавите прекината

by fokus 11:46
11:46

По дваесетина минути откако започна, надзорната расправа за поплавите во Скопскиот регион беше прекината. Пратениците од различни партии се скараа за начинот на кој се води расправата, по што настана тензична атмосфера. По ова, расправата беше прекината и беше дадена пауза.

Надзорната расправа е на барање на пратениците на СДСМ, а треба да бидат сослушани 30 сегашни и поранешни функционери, меѓу кои и четворица поранешни премиери.

По барање на СДСМ, поканет е поранешниот премиер Никола Груевски, а по барање на ВМРО-ДПМНЕ поканети се Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски.

Поврзани новости