Груевски ги прашувал телохранителите во кој затвор има најдобри услови, а им нарачал и гардероба за во затвор!?

by fokus

За да не му биде откриен планот дека се спрема за бегство, екс премиерот Никола Груевски, ги прашувал неговите телохранители во кој затвор има најдобри услови, а дури и им нарачал да му купат гардероба за во затвор, пишува Дојче Веле, повикувајќи се на свои извори.

Неговите телохранители, кои според досега недемантирани информации последен пат го придружувале Груевски на пат до домот во четврток навечер (8 ноември) околу 23 часот, практично биле последните кои имале контакт со него. Дали тие знаеле за планот на нивниот штитеник и дали биле дел од логистиката? Нивен колега, кој се согласи анонимно да зборува, вели дека воопшто не верува во такво сценарио, пишува Дојче Веле.

„Тие сигурно не биле вмешани. Беа уверени дека Груевски ќе оди на издржување на затворска казна, врз основа на повеќе околности. Наводно, тој ги распрашувал дали имаат увид во кој затвор во Македонија има најдобри услови да ја издржува казната, па му посочиле дека тоа е затворот во Штип. Наводно, им нарачувал да му купат нови тренерки, патики, пижами и уште некои други работи кои би му биле потребни во затворот, со што го зацврстил впечатокот дека се подготвува за издржување на казната и за ништо друго“, раскажува нивен колега.

Не верува дека таа слика би можела да биде плод на заеднички договорено сценарио меѓу нив и Груевски, бидејќи во случај на бегство јасно е токму неговите телохранители ќе бидат први под истрага.

Поврзани новости