Бесплатни тестови за ХИВ

by fokus

Под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, вчера почна Европската недела на тестирање за ХИВ која ќе трае до крајот на месецот. Тестирањето се врши во младинскиот центар на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА „Сакам да знам“ на Водно, каде е биде достапно бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови од 17.00 до 21.00 часот.

ХЕРА по петти пат се вклучува во одбележување на Европската недела на тестирање за ХИВ, а таа е една од 600 организации од 53 земји кои спроведуваат активности за подигање на јавната свест за придобивките од навремено тестирање.

Поврзани новости