Груевски денеска не се појави на седницата за избор на влада

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска не се појави на втората седница за избор на влада, која се очекува да биде изгласана на полноќ, за што е потребно да гласаат 61 пратеник.

Неговото столче во Законодавниот дом остана празно, а во жестока дебата се пуштија неговите сопартијци од ДПМНЕ. Груевски вчера после 11 години за првпат седна во опозициските клупи, каде што го следеше експозето на мандатарот Зоран Заев и жестоката дебата меѓу пратениците на СДСМ и ДПМНЕ, како и дебатата меѓу пратениците од ДУИ И БЕСА.

 

Поврзани новости