Болните од мултиплекс склероза користат терапија стара 23 години

by Fokus

Болните од мултиплекс склероза се жалат дека примаат терапии постари од 20 години, со што сериозно им се влошува здравствената состојба.

– Министерството за здравство и Министерството за финансии да се погрижат да одовојат поголем буџет за овие пациенти, бидејќи во моментот оваа терапија што ја примаат нашите корисници е стара повеќе од 23 години. Во светот веќе има лекови што се со поголем процент на стопирање на болеста. Знаеме дека за мултиплекс склерозата до ден денешен нема измислено лек, но се даваат превентивни лекови, кои помагаат лицето да остане во исправена физичка состојба – истакна Дејан Ѓорѓиевски.

Поврзани новости