Богоевски: Сакам да го видам Груевски во затвор, но повеќе сакам судот да го прогласи неговото владеење за криминално

by fokus

Пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски, од собраниската говорница истакна дека во со години во Македонија не владеело правото, но даде ветување дека набрзо сето тоа ќе се смени.

-Сакам да го видам Груевски зад решетки и останатите негови соработници, и сакам да ги вратат украдените пари, но приоритет ми е институциите официјално да го прогласат ваквото владеење за криминално, истакна Богоевски.

Тој додаде дека новата Влада ќе гради Македонија каде што нема да има ваши и наши, вмровци, соросоиди и комуњари.

-Граѓаните ќе станат сопственици на државата, а не нејзини клиенти. Заврши времето кога народот гледаше како досегашните газди ја крадеа државата, истакна Богоевски.

Поврзани новости