Груби: Оставката на Заев е избрзана, на Македонија и треба стабилност

by fokus

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со членот на Управниот одбор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Олин Ветингтон.

Груби и Ветингтон на оваа средба разговарале за политичката состојба во земјата, со посебен акцент на локалните избори и периодот по нивното завршување.

-Груби истакна дека на Република Северна Македонија и треба стабилност, предвидливост и дека оставката на премиерот Заев е избрзана. Груби му порача на членот на Управниот одбор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), г. Олин Ветингтон дека на земјата и е потребна стабилност во политиките наспроти енергетската криза која се очекува да ја зафати не само Северна Македонија, туку и цела Европа, здравствената криза и не заборавајќи на продолжувањето на разговорите со Република Бугарија, но и строгото спроведување на Преспанскиот договор, соопштуваат од Кабинетот на Груби.

Поврзани новости