Груби: Обвинителот на новото обвинителство да се избира со Бадентер

by Fokus

Пратеничката група на ДУИ бара обвинителот на новото споено обвинителство Советот на обвинители да го избира со двојно Бадентерово мнозинство. Во однос на резервата што беше искажана за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Рускоска да биде прв човек на обвинителството, претеникот Артан Груби рече:

-Немаме резерва кон ниту една личност, но работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери. Па зашто да не е и Албанец новиот обвинител.

Груби појасни дека барањето за Бадентер на темелат на претходното решение кога обвинителот на СЈО Катица Јанеца беше избрана со такво, двојно мнозинство.

 

Поврзани новости