519
Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, на денешната седница за пратенички прашања го праша премиерот Заев дали јавен обвинител ќе се одбира по предлог на опозицијата.
„Дали имате намера да продолжите јавен обвинител да се одбира по предлог на опозицијата. Имаме брилијантен предлог од Мицкоски, да се постави Владимир Панчевски, кој е се, освен синоним за правда. Тој има обвинение за залоупотреба на АКМИС системот. Дали е дојдено време да се постави обвинител по предлог на опозицијата, или да се врати зврлевски, или некој друг“, праша Зекири.