Опозицијата да може и Груевски ќе го предложи за јавен обвинител, вели Заев

by Fokus

Низ критики упати премиерот Зоран Заев, по предлогот на опозицијата за јавен обвинител да биде поставен Владимир Панчевски.

„Значи сите ја знаеме историјата на Владимир Панчевски и неговата работа и злоупотребите со АКМИС системот. Јас мислам дека опозицијата да може, ќе го предложи и Никола Груевски за јавен обвинител“, кратко рече Заев.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, во текот на вчерашното интервју на Сител ТВ го предложи поранешниот судија Владимир Панчевски како замена за Катица Јанева која поднесе оставка.

Поврзани новости