Груби не верува дека Косово и Албанија ќе се вмешаат во македонските избори: Тие имаат многу работа дома

by Фокус

Пратеникот на ДУИ Артан Груби, во интервју за телевизијата Т7, изрази уверување дека институциите од Косово и Албанија нема да се мешаат во идните парламентарни избори во Македонија.

е верувам дека косовските институции ќе влијаат на волјата на граѓаните во РСМ. Тие (Косово и Албанија) имаат многу работа во своите земји и ја почитуваат политичката определба на Албанците кои живеат тука, бидејќи Албанците покажаа дека не грешат кога се определуваат политички во Северна Македонија, но и кога треба да им помогнат на Косово и Албанија – изјави Груби.

Притоа, тој ја спомена блискоста на партијата Движење самоопределување на чело со премиерот во оставка Албин Курти со опозициските партии во земјава, чиј претседателски кандидат Блерим Река стана министер во косовската влада на чело со Курти.

Поврзани новости