Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, закажа тематска седница на Комисијата, посветена на евроинтегративните процеси во по Самитот на Европскиот совет во октомври 2019 година.
На седницата се очекува свои обраќања да имаат вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Како што соопштија од канцеларијата на Груби на седницата се поканети сите пратеници, претставници на Дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.
Седницата ќе се одржи утре, 29 октомври 2019 година, со почеток од 10.00 часот, во Големата сала во зградата на Собранието на Република Северна Македонија.