ЕУ се согласи за одложување на Брегзит до 31 јануари

by fokus 13:39
13:39

Европската унија се согласи да го пролонгира излегувањето на Велика Британија од ЕУ до јануари 2020 година, соопшти преку Твитер претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск.

Тој посочи дека Унијата се согласила да дозволи „флексибилно одложување“, што значи дека Велика Британија би можела да ја напушти ЕУ и пред одредениот рок, доколку претходно во Парламентот биде одобрен договорот кој премиерот Борис Џонсон го постигна со Брисел, јави Би Би Си. Претстои одлуката на ЕУ да биде формализирана во пишана форма.

- Advertisements -

Одлуката доаѓа во момент кога британските пратеници се подготвуваат да гласаат за предвремени избори. Џонсон бара одржување избори на 12 декември, додека две опозициски партии, Шкотската национална партија и Либералните демократи сакаат изборите да се одржат на 9 декември.

Поврзани новости