ГРОМ: Како Заев ќе потпише договор со Бугарија кога загуби на изборите?

by Фокус

Граѓанската опција за Македонија на чело со Стевчо Јакимовски прашува со кое право Зоран Заев прави отстапки кон Бугарија со цел постигнување на договор за добрососедство, кога ги изгуби последните парламентарни избори.

-Вакви договори кои задираат во темелите на македонското национално постоење, далеку од очите на јавноста, не може да ги потпишува партија и премиер кои ги изгубиле парламентарните избори. Потпишувањето на ваков битен договор, набрзина, во сред лето за време на годишни одмори од страна на „сезнајкото“ Заев, без широк научен и политички консензус, ќе предизвика дополнителни конфронтации во и онака зовриената политичка сцена во РМ. Одговорноста за нестабилноста во РМ ќе си ја сноси Зоран Заев и неговите погрешни политики – рече Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Поврзани новости