Кирацовски: СДСМ ќе продолжи да биде отворена партија

by Фокус

СДСМ ќе продолжи да биде отворена партија која ги интегрира сите луѓе кои сакаат да и помогнат на Македонија, рече генералниот секретар на социјалдемократите Александар Кирацовски, на летниот камп на социјалдемократската младина.

-СДСМ е модерна, европска партија кадешто правилната комуникација со граѓаните е од суштинско значење – рече Кирацовски.

Тој меѓу другото посочи оти младите луѓе се сегашност и иднина на Македонија, па затоа, истакна генералниот секретар на партијата, СДСМ секојдневно вклучува се повеќе млади луѓе во извршната власт.

Поврзани новости