Грковска: Не ја изземам владата од одговорноста за корупцијата

by Fokus

Тоа што го кажа американската амбасадорка, тоа сме го изјавувале сите ние во сите изминати месеци кои сме сериозно загрижени за случувањата во нашата држава на тема борба против корупција и организиран криминал, изјави Славица Грковска, вицепремиерка во владата задолжена за спроведување политики за добро владеење, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Јас на тоа би гледала повеќе двонасочно. Од една страна како поддршка и помош за разрешување на крупни коруптивни случаи што е една од забелешките, а од друга страна и како критика и за моменталната состојба за степенот на корупција во нашата држава“изјави Грковска.

Таа нагласи дека целокупната борба во државата, во делот на корупцијата, е обврска на сите

„Јас не нè изземам нас како Влада од оваа ситуација, ниту пак изземам од одговорност некоја од институциите. Затоа што секоја од институциите има своја улога во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Меѓутоа, важно е да се разгледуваат поединечните капацитети, поединечните успеси и да се види која е најслабата алка и од која причина добиваме се поотворени оценки и дојдовме до степен да добиваме вакви отворени и без ракавици пораки од нашите меѓународни пријатели“, додаде Грковска, востудиото на Телма.

 

Поврзани новости