Гремингер: Новата влада мора да ја врати довербата во институциите

by fokus

Со меѓународна поддршка, вклучувајќи го и ОБСЕ, новата влада мора да се концентрира на враќање на довербата во институциите и зајакнување на демократските процеси. Свесни сме дека значителни промени не можат да дојдат преку ноќ. Одржливите реформи бараат силна политичка волја и одлучност за решавање на недостатоците, вели генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Во основа, јас сум тука поради две причини. Да ги поздравам напорите на земјата во надминување на политичката криза и за продолжување, на она што изгледа како многу ветувачка реформска агенда. Исто така сакам да ги охрабрам сите оние во земјата кои ги поддржуваат реформите, ги зацврстуваат демократските процеси и ја враќаат довербата во институциите. Втората причина, која исто така е важна, тука сум да ја искажам подготвеноста на ОБСЕ, на институциите на ОБСЕ, но посебно на нашата Мисија тука во Скопје, да продолжиме да работиме во партнерство со институциите во поддршка на овие реформи, изјавил Гремингер за Радио Слободна Европа.

Тој додава дека рефомите во судството се неопходни.

-Тука, особено сакам да ги нагласам реформите во судството, реформите со изборната администрација, професионализација на полицијата, зацврстување на медиумските слободи, како и зацврстување на улогата на парламентот, изјавил Гремнгер.

Поврзани новости