Слаби врнежи од дожд во текот на денот, кои ќе се интензивираат во текот на ноќта

by fokus

Денеска времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот во западните делови со повремен локален дожд, кој на планините и на некои повисоки места ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од седум до 13.

Во Скопје слично време, облачно со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќва и ќе продолжат и утре претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на температурата. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.

Поврзани новости