Грчката телевизија не пиша МКД, па смени во ФИР

by fokus

На почетокот на натпреварот меѓу ракометните репрезентации на Македонија и Грција кој се игра во Кожани, грчката национална телевизија ЕРТ во етер ја пушти графиката на која нашата репрезентацијата беше потпишана со скратеницата МКД.

Но, по петнаесетина минути Грците се премислија и наместо официјалната графика од ЕХФ, ја пишаа кратеницата ФИР (FYR), која никаде не постои и не фигурира како кратеницата за нашата земја.

Поврзани новости