Граѓаните на Лесковац собираат пари само Карлеуша да не пее на Роштиљада

by fokus

Граѓаните на Лесковац почнаа кампања за собирање пари за да ѝ платат на Јелена Карлеуша да не пее на овогодинешната Роштиљада, откако градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ, попознат како Фараон, најави дека Карлеуша ќе ја отвори 32-та Роштиљада со настап од 20.000 евра.

Движењето за Лесковац покрена иницијатива заедно со граѓаните да собере хонорар и да и понуди на Карлеуша да не пее на манифестацијата која е заштитен знак на Лесковац.

-Покренуваме кампања за пронаоѓање на 20.000 лесковци кои се спремни да дадат по едно, две, три или повеќе евра (до службената такса за настапот, па дури и повеќе, доколку треба) за да се соберат доволно средства за хонорарот што ќе и го понудиме за да не пее во центарот на нашиот град, се наведува во соопштението на движењето.

Додаваат и дека сите собрани пари, доколку Карлеуша одбие да ги земе, во договор со граѓаните ќе бидат исплатени во хуманитарни цели.

Поврзани новости