Град Скопје се уште нема набавено средство против комарци

by Fokus

Град Скопје уште нема набавено средство за прскање против комарци бидејќи  пропаднал тендерот.

Според податоците на Бирото за јавни набавки, тендерот е поништен на 4 мај со образложение дека не е поднесена ниту една прифатлива понуда. Во меѓувреме е распишан нов тендер.

Од Град Скопје во понеделникот информираа дека неделава ќе го спроведуваат второ прскање против комарци кое ќе биде од земја.

„Тековното прскање против комарци се спроведува со средствата од залиха од претходните набавки, со цел навремено отпочнување на процесот во интерес на граѓаните. Јавната набавка на средства за прскање против комарци којашто моментално се спроведува е согласно со законската процедура“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Поврзани новости