Обожавателите на Џони Деп ја нападнаа ќерка му на „Инстаграм“

by Fokus

Обожавателите на Џони Деп на социјалните мрежи ја линчуваат ќерка му Лили Роуз Деп, бидејќи се нема јавно огласено за неговото судење за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд.

Онлајн насилниците беа јавно критикувани од други корисници на социјалните мрежи поради малтретирање на Лили Роуз.

Девојката нема споделено објава на „Инстаграм“ од 9 април, дури и пред почетокот на судењето, коментарите се полни со луѓе кои ја малтретираат.

На нејзината објава од 9 април, корисник праша: „Зошто не му помагаш на татко ти? Друг корисник ја критикуваше Лили-Роуз дека била гласна со нејзината поддршка за движењето Black Lives Matter, но не го објавила нејзиниот татко.

„Единствена причина зошто е позната е поради нејзиниот татко и таа не објавува апсолутно ништо за него и како Амбер Херд ја уништува неговата кариера, но таа има BLM на нејзиниот глупав профил“.

„Ги објавуваш своите гради повеќе од твојот татко, каква несреќа“, гласеше една порака. Некој друг напишал: „Те молам поддржи го татко ти. Без разлика на ВАШИОТ однос со него, знаеш дека Амбер НЕ Е ЖРТВА. Поддржи го те молам, зборувај !!!!“

На 11 април започна јавното судење за клевета помеѓу актерот Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд поради авторскиот напис во „Вашингтон пост“ од 2018 година во кој актерката сугерираше дека Деп бил насилен за време на нивната врска.

Амбер потоа се спротивстави и го обвини Џони дека поднел тужба за да продолжи со својата кампања на „злоупотреба и вознемирување“. Тој побара отштета од 50 милиони долари, додека Амбер побара 100 милиони долари и имунитет против тврдењата на Деп. Судењето сè уште е во тек, а пресудата не е донесена.

Поврзани новости