Град Скопје поднесе тужба против „Слобода превоз“ и „Макекспрес“

by Fokus

Градот Скопје поднесе тужба против приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, поради нанесена економска штета врз буџетот на Градот и непочитување на одредбите на договоро.

„Нема теми за преговори, особено кога истите се под уцени, и се бара укинување на решението за раскинување на договорот кој е раскинат поради прекршување на одредбите од договорот од страна на „Слобода превоз“ и „Макекспрес““, велат од Град Скопје.

Новиот јавен повик, како што додаваат, трае 30 дена и за истиот има интерес и сите заинтересирани домашни превозници можат да подигнат документација и аплицираат

Поврзани новости