Ѓоргиев: Не мора по секој цена да носиме решенија за македонско-бугарските недоразбирања!

by Fokus

Никогаш не сме рекле дека мора да дојдеме до заеднички став и до унисоно мислење. Доколу нема договор, Комисијата по секоја цена нема да носи решенија за историските недоразбирања, изјави Драги Ѓоргиев, копретседателот на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија на денешната прес – конференција, потврдувајќи дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата.

– Ние никогаш не сме рекле дека мора да дојдеме до заеднички став и до унисоно мислење. Тој период несомнено ќе биде тежок, мачен период за којшто ќе дискутираме, дискусиите ќе траат и во крајна линија ако ние се договориме, успееме да најдеме некакво решение ќе го презентираме. Ако не успееме да најдеме, тогаш нема решение. Не мора да значи дека оваа Комисија по секоја цена мора да донесе решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија, рече Ѓоргиев на новинарско прашање на прес-конференцијата која уследи по брифингот одржан во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Поврзани новости