Рама: Албанија беше Северна Кореја во Европа

by Fokus

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за француски медиум се задржал на отворањето на преговорите за членство на Албанија во Европската унија, оценувајќи при тоа дека „тоа е суштински чекор за Албанија, која долго време била под комунистички режим”.  

„До сега не познававме правна држава, држава направена исклучиво за граѓанинот, каде судијата е судија, а власта е правилно поделена. Ова е разликата. Освен тоа, Албанија беше најизолирана од комунистичките земји. Немавме никакви односи и размени дури и со земјите од Истокот кои некогаш припаѓаа на комунистичкиот блок. Ние бевме Северна Кореја во Европа. Ова е многу длабока фундаментална промена“, изјавил Рама, пренесува АБЦ њуз.

Поврзани новости