Ѓорчев го „бранеше“ Заев во Собранието, а го „нападна“ од партискиот штаб

by fokus 17:30
17:30

,,СДС изврши обид за државен удар. СДС го погази Уставот, законите и деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. СДС ја погази демократијата во обидот да го прогласи Талат Џафери за Претседател на Собранието. Одговорност за ваквото антидржавно однесување мора да има. СДС изврши политичко насилство кое подоцна резултираше со физичко насилство, рече денеска пратеникот Влатко Ѓорчев во партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ.

,,Ниедно насилство не смее да се оправдува, но СДС има најмалку право да ги прогласува за терористи народот и граѓаните на Македонија кои 60 дена мирно протестираа и без ниту еден инцидент го изразуваа своето несогласување со Тиранската платформа и распродавањето на државните и националните интереси.

- Advertisements -

Одговорност за насилството мора да има. Не смее пратеник, па макар бил и Зоран Заев да издава наредби за да се пука во Собранието на Република Македонија. Тоа е невиден преседан не само во Македонија туку било каде во светот. Дали Зоран Заев е свесен за последиците од пукањето доколку некој куршум или рикошет завршеше во некој од граѓаните? Дали полицискиот службеник кој го послушал Зоран Заев е свесен дека тој не смее да постапува по партиски наредби, туку единствено согласно законот и процедурите?

Одговорност мора да има.

Целата јавност беше сведок како Зоран Заев отпочна со реализација на црното сценарио од Тиранската платформа. Целата јавност беше сведок на срамниот и шверцерски обид да се заобиколи Уставот, законите и деловникот на Собранието на Република Македонија. Секое кршење на законите и процедурите води во насилство и анархија. Зоран Заев беше свесен за тоа. Зоран Заев свесно одлучи да ги испровоцира и предизвика граѓаните, реализирајќи го овој срамен чин после 18 часот, во времето кога веќе два месеци пред Собранието мирно протестираат стотици илјади граѓани од иницијативата „За Заедничка Македонија“. Зоран Заев се надеваше дека доколку се излие револтот на граѓаните, на таков начин ќе го покрие политичкото насилство на СДС“-рече Ѓорчев на прес конференцијата.

Поврзани новости