Големи поплави со човечки жртви во Бугарија

by vlatko 12:11
12:11

Страшно невреме го погоди бугарското приморје, при што загинаа три лица, а властите прогласија вонредна состојба во општините Несебар и Царево.

Според официјалните податоци, една жртва е пронајдена во подрум на хотел во Елените, додека животите ги загубиле и багерист-доброволец кој расчистувал, како и граничен полицаец што се обидувал да спаси други луѓе.

Штетите се огромни, а постои стравување дека бројот на загинати ќе се зголеми по повлекувањето на водата.

Слични вести