Ѓоко Камчев од Валандово ќе седне денеска на пратеничкото место на Груевски

by fokus

Државната изборна комисија за денеска го викнала Ѓоко Камчев од Валандово, кој е следниот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ од парламентарните избори во 2016 година, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Тој ќе биде на место Груевски, на листата од четвртата изборна единица. Камчев беше пратеник од 2014 до 2016 година.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска најверојатно без гласање на пратениците, само ќе ја констатира писмената оставка на азилантот – пратеник Никола Груевски.

 

Поврзани новости