Годинава имало помалку бракови, но и разводи

by fokus

Бројот на склучени бракови во Македонија се намалил во 2023 година, но истовремено е намален и бројот на разводи, бележи Државниот завод за статистика (ДЗС). Според извештајот, во изминатите 12 месец се склучиле 12.882 брака, што е за 3,4 отсто помалку во споредба со 2022 година.

Најмногу бракови се склучиле во август (1.861), најмалку во ноември (761). Возрасна граница на брачните партнери при стапување во заедница се движи меѓу 25 и 29 години, а возрасната граница при излез од заедницата е меѓу 30 и 34 години. Просечната возраст, пак, при склучување на прв брак е 27,4 години за невестата и 29,9 години за младоженецот.

И мажите и жените најчесто за првпат стапиле во брак во годината што изминува. Во втор или трет брак почесто стапувале мажите.

И бројот на разводи изминатата година бележи намалување во споредба со претходната година и изнесува 1.613 разведени брака. Најмалку разводи (38) се случиле во август, а најмногу во март (195).

Поврзани новости